Ако мислите дека само хирург е одговорен за младешкиот изглед на многу жени постари од 50 години, се лажете. Речиси сите жени кои изгледаат помлади се придржуваат до здравите навики и задолжителните рутини за убавина.
Станува збор за навики кои ја „бришат“ возраста од лицето и го задржуваат младешкиот изглед.
Будење
За да го започнете денот правилно, треба да си посветите малку време наутро кога ќе се разбудите. Важно е да се започне со истегнување и лесна масажа на лицето за време на миењето. Оваа масажа ќе ве разбуди и ќе го активира лимфниот систем, но и ќе ви го подобри расположението.
Затоа, поставете го алармот десет или петнаесет минути порано од вообичаеното за да добиете на време.
Квалитетна храна
Наместо скапи третмани и креми, подобро е да вложувате пари во квалитетна храна, бидејќи здравјето и убавината доаѓаат одвнатре. Сè што јадете и пиете ќе влијае на вашата кожа.
Неопходно е да се јаде доволно зеленчук и храна која е богата со витамин А, бидејќи овој витамин значително влијае на убавиот изглед на кожата. Секако, не треба да ја заборавите и хидратацијата – денот започнете го со чаша вода, а во текот на еден ден пијте најмалку 1,5 литри вода.
Доколку не пиете доволно вода, лицето ќе ви биде уморно и испиено, а ќе се појават темни кругови.
Витамин Ц
Покрај А, за младешки изглед исклучително важен е и витаминот Ц. Се бори против уморниот тен и слободните радикали.
Покрај тоа, витаминот Ц го стимулира производството на колаген и ги намалува пигментните дамки. Поради оваа причина, повеќето жени избираат креми чија главна состојка е овој витамин.