Исхраната на семејството Ѓоковиќ е честа тема, а Новак се најде во центарот на интересот кога го исфрли месото од исхраната, што му помогна да го зачува здравјето и физичката форма.
Исто како Новак и Јелена, таа ја коригираше исхраната, а за тоа проговори неколку пати. Нејзината исхрана се базира на житарки, а најчесто користи киноа.
Киноа може да се користи како замена за месото, богата е со витамини и минерали и е многу хранлива. Содржи многу повеќе протеини, Б витамини, диетални влакна и минерали од многу други житарки.
Ако ја јадете со некоја чорба, речиси и нема да ја забележите разликата помеѓу оваа житарка и месото.
Она што е важно да се спомене е дека киноата ги содржи сите осум аминокиселини кои му се потребни на човекот, за разлика од другите житарки кои содржат најмногу три. Дури и Обединетите нации ја прифатија киноата како суперхрана.
Исто така, киноата не содржи глутен и многу лесно се вари.
Киноата помага при варење, а со тоа и слабеење, ги отстранува насобраните токсини, но и благотворно делува на имунолошкиот систем.
Народната медицина ја користи киноата и за лекување на кожни болести, ревматизам, а поради високата содржина на калиум поволно делува на кардиоваскуларниот систем.