Ви го пренесуваме најлесниот рецепт за вкусен десерт кој ќе го изненади целото семејство …
СОСТОЈКИ:
- 4 јајца
- 250 грама чоколадо
ПОДГОТОВКА:
- Загрејте ја рерната на 170 степени.
- Чоколадото стопете го на пареа или микробранова печка додека не се стопи целосно.
- Одделете ги жолчките од белките.
- Белките изматете со миксер.
- Во растопеното чоколадо постепено додавајте ги жолчките и сè убаво измешајте.
- Внимателно измешајте ги белките во смесата со чоколадо и жолчка.
- Смесата истурете ја во подмачкан калап за колачи од 15 см.
- Ставете да се пече во рерна 30 минути.
- Сервирајте откако ќе се излади.
Пријатно!