Мушмулата има силно антиинфламаторно дејство, а освен за здравјето на дишните патишта се користи и за подобро функционирање на цревата и успешно ја елиминира надуеноста. Пектинот, т.е. диеталните влакна од мушмулата можат да го намалат нивото на маснотии во крвта, како и да ја стопираат дијареата
Богата е со витамин Ц, калиум, калциум, железо и витамин Б, па најдобро е да ја измиете, исечете и јадете свежа.
Освен што е вкусна, мушмулата е и лековита и здрава:
Создава хемоглобин
Железото е витален дел од хемоглобинот кој помага да се создаде кислород, а потребен е дополнителен хемоглобин бидејќи губиме крв поради надворешни или внатрешни повреди.
Мускулна функција
Железото кое се наоѓа во мушмулите е неопходно за одржување на здрави мускули, бидејќи без железо, мускулите ја губат еластичноста и тонусот.
Го чува здравјето на мозокот
Мозокот користи 20 проценти од кислородот, а мушмулите помагаат во снабдување на истиот.
Помага во регулирање на телесната температура
Мушмулите помагаат во регулирањето на телесната температура, што значи дека метаболичките и ензимските функции се случуваат на оптимални температури и средини.
Помага при анемија
Анемијата е предизвикана од недостаток на железо во организмот, а мушмулата помага во заздравувањето.
Го намалува заморот
Помага во ублажување на заморот кај мажите и жените и со дневен внес му помага на телото да остане здраво и енергично во текот на денот.
Го зајакнува имунитетот
Мушмулата му помага на телото да се бори против разни инфекции и болести.
Крвните клетки се од витално значење за обезбедување на кислород до ткивата, оштетените органи и клетки, така што редовното внесување на мушмула помага во зајакнувањето на одбрамбениот механизам на телото.