Познато е дека домашните растенија се нарекуваат прочистувачи на воздухот во куќата, а повеќето цвеќари се согласуваат дека најдобро е хлорофитум или зелен лилјaн, односно билката пајак.
Особено е корисно во зима, кога воздухот во просториите брзо се суши поради греењето, а сега е добредојден како уште едно средство за одбрана од вируси.
Ова растение, всушност, ја зголемува влажноста во домот, а тоа ги уништува вирусите и бактериите кои не опкружуваат. Домаќинките го обожаваат ова растение бидејќи не е нималку напорно за одржување, а зборуваат и дека ја впива негативната енергија од просториите.
Против отрови
Интересно е што истражувањата на НАСА (Американска вселенска агенција) покажале дека ова растение има антимикробно и антибактериско дејство и дека е рангирано меѓу најефикасните прочистувачи на воздухот. Истражувањата потврдија дека ги неутрализира штетните состојки за човечкото тело како што се фенолот, бензенот, формалдехидот и другите што се испуштаат од современите материјали за завршна обработка и мебелот од иверица.
Им успева на сите
Зелениот лилјан им успева дури и на оние кои не се вешти со растенија, како и на апсолутни почетници. Не бара многу внимание и грижа. Не треба често да се полева, доволно е еднаш неделно, а можете да го чувате на светло, но и во потемни делови од станот.
Има декоративен лист кој на светлина станува посветол, а ако го чувате во сенка, лентите на листовите постепено ќе исчезнат.
Кај посветени љубители на цвеќиња, зелениот крин со подобра грижа може и да процвета. На врвот на стеблото може да се формираат цветови во форма на ѕвезда.
Зелениот лилјан е едно од најбезбедните домашни растенија. Не е опасно за луѓето или домашните миленици. Листовите на ова растение мачките ги сметаат за вкусни, па често се случува да ги јадат.