ОВА СЕ НАЈБАРАНИТЕ ЧИЗМИ СЕЗОНАВА: Сите модерни жени ги имаат и ги преплавија полиците на продавниците

popara22 ноември, 20211min00
Street-style

Во светот на чизмите ќе доминираат гломазните и каубојски модели, а познатите женски имиња обожаваат да ги носат.

Секоја зима носи нови модни трендови, а познато е и колку жени паѓаат на чизми.

Високи чизми, чизми до колена, чизми до глужд, чизми „чорап“, секоја нова сезона носи нови омилени, а знаете ли кои ќе бидат најпопуларните чизми за наредните месеци?

Ова се двата модели кои најмногу ги гледаме на градските улици.

Каубојски чизми до глужд

Овој модел на чизми се врати на голема врата, а ние ги делиме на два стила – западен (класичен) модел и ропер модел. Разликата меѓу овие два модели е во петицата – западните модели имаат повисока и малку закосена потпетица, додека роперот има пониска и широка блок-пета.

Kendall Jenner

Каубојките кај нас се познати веќе подолго време, а се чини дека ќе ги видиме и оваа зима на разни комбинации како и на Инстаграм профилите на познатите трендсетерки. Овој модел на чизми го обожава манекенката Кендал Џенер, а успева да ги искомбинира со секакви модни комбинации.

Гломазни чизми

Овој модел апсолутно го освои светот, а се чини дека оваа година најбараните модели ќе бидат инспирирани од војничките чизми. Со овој стил не можете да погрешите, а познатите дами ги носат со уредни, но и опуштени модни комбинации.

Megan Fox

Често ја гледаме актерката Меган Фокс во гломазни чизми кои успева да ги носи на секси и лежерен начин како и сè друго бидејќи изгледа како милион долари.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma