Овие „играчки“ ќе ја подигнат вашата ЖЕШКА АКЦИЈА на сосема ново ниво! (ФОТО)

popara20 ноември, 20211min00
Screenshot 2021-11-20 171628

Дури и ако сте склони кон често менување на пози и „акробации“ во кревет, секогаш има простор за подобрување.

Пуштете ја вашата фантазија и преместете ја во вашите четири ѕида, каде вие ​​и вашиот партнер ќе уживате во жешката акција. Овој пат ви носиме неколку предлози, за да ги „зачините“ работите:

  1. Маска – Маските како оние од Венеција, кои ќе ги носите, па дури и обична марама со која ќе му ги врзете очите на партнерот, може да бидат многу секси. На овој начин вашите сетила ќе бидат изострени, а со тоа задоволството ќе биде уште поизразено.
  2. Вибратор – Иако многумина го избегнуваат, вибраторот може да биде интересен додаток на вашата акција, а уште повозбудливо е што може да се примени и на жените и на мажите.
  3. Камшик – Ако ви се допаѓа кога ве плескаат по задникот, можеби би можеле да отидете на „повисоко“ ниво и да го пробате истото, но со помош на камшик.
  4. Мраз – Кога работите ќе се „загреат“, внесете мраз во целата комбинација, поминете го преку кичмата на партнерот, а пробајте и околу интимните делови – возбудата е загарантирана.
  5. Шлаг – Секако, кога мразот малку ќе ве озлади, шлагот ќе биде продолжение на оваа секси приказна.
  6. Лисици – Уште еден начин да ги изострите вашите сетила е ако рацете ви се врзани. Дозволете му на вашиот партнер да ве „заузда“ и целосно да му се предадете. Сигурно нема да зажалите.
escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag