Некои од намирниците кои сите ги консумираме, и тоа многу често, се лоши за имунолошкиот систем!
Во време на пандемијата, размислуваме за имунитетот повеќе од кога било. Колку е силен нашиот имунолошки систем влијаат многу фактори, кои главно се однесуваат на начинот на живот – физичката активност и исхраната се само некои од нив.
Кога станува збор за храната, колку што е важно да се јадат здрави намирници кои го зајакнуваат имунитетот, исто толку е важно да се избегнуваат оние кои го ослабуваат.
Газирани пијалоци
Високо фруктозниот сируп, кој е вообичаен додаток на газираните пијалоци, ги зголемува воспалителните маркери. Студијата покажа дека CRP, параметар кој покажува системско воспаление, бил поголем кај групата учесници кои ги консумирале овие пијалоци.
„Премногу обработен шеќер може да влијае на имунитетот со зголемување на маркерите на воспаление во телото“, вели нутриционистката Лиса Ендрјус, па нејзиниот совет е да внесувате помалку слатки и засладени пијалоци.
Алкохол
Познато е дека алкохолот има лош ефект врз имунолошкиот систем. Телото го третира како отров и вложува многу енергија за да го исфрли. Лошо влијае и на квалитетот на сонот, а со тоа го ослабува имунитетот и ја намалува способноста на организмот да се бори против вирусите и бактериите.
Брза храна
Сите веќе знаат дека брзата храна не влијае добро на здравјето. Сепак, не е само тоа што оваа храна дебелее ако се јаде во поголеми количини, туку комбинацијата од рафинирано брашно, пржена храна и додаден шеќер лошо влијае на имунитетот.
„Студија спроведена во Германија покажа дека поради прекумерното консумирање брза храна, имунолошкиот систем реагира на неа како бактериска инфекција, која може да го забрза развојот на артериосклероза и дијабетес“, истакнува нутриционистката Шерил Масато.
Омега-6 масни киселини
Омега-6 масните киселини се вид на масти кои можат да го ослабат имунолошкиот систем доколку се внесат во прекумерни количини. Овие типови на масни киселини се наоѓаат најмногу во хипер-обработена храна, која генерално се смета дека е со послаб квалитет.
Нутриционистите истакнуваат дека омега-6 масните киселини не треба да се исфрлаат од исхраната, туку балансирано се земаат омега-3 и омега-6.
Препечени протеини
Месото е важен извор на протеини, но доколку се препече или поцрни за време на подготвувањето, настанува крајниот производ на гликација (неензимска гликација), што го зголемува оксидативниот стрес. Храната што ја содржи оваа супстанца е поврзана со послаб имунолошки систем и придонесува за рак на дебелото црево.
„Ограничете го внесот на препечено месо и намалете ја потрошувачката на преработени месни производи што е можно повеќе“, советува нутриционистката Жаклин Гомез, наведувајќи ги виршлите, колбасите и живината со кожа.