И додека многу „домашни производи“ можат да ги заменат купените производи за нега, експертите ги советуваат жените да внимаваат што ставаат на лицето и да не ставаат на кожата се што им паѓа под раце и што ќе го најдат во бањата или во оставата.
Овие 5 работи никогаш не треба да ги користите за нега на лице:
АЛКОХОЛ
Алкохолот често ги дезинфицира раните, но по никоја цена не ставајте го на мозолчиња или рани на лицето. Ќе ја исушите кожата за миг!
ШЕЌЕР
Веќе е познато дека прекумерното консумирање шеќер доведува до слабеење на еластичноста на кожата, а со тоа и опуштеност на кожата и брчки. Експертите велат дека не се работи само за внесување на шеќер, туку дека истото може да го направи и шеќерот што го ставаме на кожата.
ЛОСИОН ЗА ТЕЛО
Верувале или не, многу жени користат лосион за тело како крем за лице. Ова е сосема погрешно бидејќи кожата на лицето е понежна од кожата на телото, па затоа и се потребни малку помеки и пофини производи. Исто така, лосиони за тело често содржат парфеми и светки, кои можат да му наштетат на лицето.
СОДА
Сода бикарбона често се споменува во рецептите за домашни пилинг за лице, но размислете за тоа – ако може да ги избелите забите, дали навистина може да биде безбедна за вашата кожа?
ЛАК ЗА КОСА
Секако, не би нанеле свесно лак на лицето, но доколку го користите често, големи се шансите тоа да го правите несвесно. Лакот за коса е полн со хемикалии кои ги затнуваат порите и предизвикуваат мозолчиња!