Овие седумт работи во животот никогаш не треба да им се откриваат на другите, освен ако не им веруваме со целото свое битие. Запомнете ги добро!
Ако сте искрена, весела и отворена личност, веројатно сакате да им кажувате што е можно повеќе за себе на луѓето. Но, не треба да го правите тоа, има работи кои треба да ги задржиме за себе од многу причини!
Психолозите велат дека овие седум работи треба да ги чуваме како „тајни“, а не да му ги откриваме на некој што не ни е близок.
- Детали за врската
Запомнете добро дека деталите за однесувањето на вашиот партнер или партнерка се првенствено нивна работа, а дури потоа ваша работа. Не треба сите околу вас да знаат за нив. Ќе звучите како да трачарите за она што се случува во вашиот дом.
- Цели
Сите ние имаме одредени цели кои би сакале да ги постигнеме во животот, а најдобар начин за тоа е да се запнеме со сите сили и да не дозволиме ништо да не спречи! Ако нешто ни смета или ни пречи, тој пат ќе биде подолг или потежок. А меѓу тие пречки се и честите прашања од луѓето на кои „наивно“ сме им ја откриле целта.
- Слабости
Да, мислиме дека целата околина ни посакува добро, но што ако не? Ако некоја слабост или страв „излета“ пред личност која ви е љубоморна или има комплекси? Буквално сте им дале оружје со кое можат да ве уништат!
- Финансиска состојба
Ова е повеќе прашање на безбедност отколку психологија. Никогаш не треба да откривате детали за вашата финансиска состојба на луѓе кои не се членови на вашето семејство – што и да е тоа!
- Семејни проблеми
Доверете се на доверлива личност, а не на целата канцеларија. Иако луѓето ќе ве утешат, не можете да ги спречите да ве озборуваат или исмејуваат.
- Добри дела
Според бонтон, не е ни учтиво да ги откривате вашите добри дела. Ако сте направиле нешто убаво за некој друг, вашата награда е чувството што го имате внатре, а не честитките на сите луѓе околу вас.
- Скриени таленти
Како и за добрите дела, тие дела треба да зборуваат, а не вашите зборови. Покажете го вашиот скриен талент кога ќе ви се укаже прилика, не опишувајте им на луѓето.