На неговиот шарм не можеше да одолее ниту Кери Бредшо, а важеше за вистински шмекер во популарната серија „Сексот и градот“.
Меѓутоа, работите се свртеа во корист на славната Ѕверка кога Кери на крајот се омажи. Шармантниот и згоден Ејдан во оваа хит серија го глумеше Џон Корбет, кога фановите го паметат од серијата „Живот на север“, за која доби и награда Еми. Сепак, дефинитивно поради големата популарност на серијата „Сексот и градот“, улогата на Ејдан ја одбележа неговата актерска кариера.
Ајдан го глумеше денес 59-годишниот Корбет пред 18 години, а колку што старее, толку повеќе обожавателите му кажуваат дека како виното, тој е се подобар и подобар. Седата коса и некој килограм вишок не го лишиле Џон од неговиот заводлив шарм, на кој паднала и познатата актерка Бо Дерек.
Тие се запознале додека Џон сè уште ја снимал серијата „Сексот и градот“ и нивната љубов се родила на состанок на слепо.