На неодамнешната премиера на „House of Gucci“ Лејди Гага блесна во виолетова тоалета и мрежести црни чорапи, но потоа вниманието го украдоа нејзините родители кои ретко можат да се видат во јавноста.
Одмерено и елегантно се прошетаа на црвениот тепих, а многумина коментираа дека се убава двојка и дека гледаат од кого познатата пејачка ја наследила убавината. Гордите родители им позираа на собраните фотографи, беа насмеани и се држеа за рака.
Таткото Џо носеше темен костум и машна, додека мајката Синтија носеше долг црн фустан со прерамки надолу. Стајлингот го надополни со црвен кармин и дијамантски обетки и прстен.
Гага постојано истакнуваше дека нејзините родители секогаш ја поддржувале во правењето музика, иако не разбирале најдобро што прави, односно фактот дека на сцената има една личност, а во реалноста сосема друга.
Во погледнете фотографии од лондонската премиера на филмот „House of Gucci“: