Однесувањето на Крис Нот на снимањето на „Сексот и градот“ беше одвратно – јас бев таму

popara24 декември, 20211min00
1640268553-profimedia-0647083638-2-900x600

По трите признанија на жени кои тврдат дека актерот Крис Нот, најпознат по улогата на Биг во култната серија „Сексот и градот“, ги силувал, се појавила друга девојка по име Хедер Кристин, која дала интервју за британскиот „The Independent”, тврдејќи дека и таа била жртва на сега озлогласениот холивудски актер.

Кристин била асистент на сетот во првите четири сезони од серијата „Сексот и градот“. Во своето големо признание за споменатиот медиум, таа тврди дека Крис Нот имал сексистички и мизогински навреди, дека се однесувал недолично и ги малтретирал девојките на снимањето, а еднаш без нејзино одобрение, ја фатил за задникот. Таа останала да работи на сетот поради добриот однос со главните актерки од серијата, но и поради платата.

Кристин во својата интимна исповед наведува дека како тинејџерка била бездомник, и дека немала друг извор на приход. Се плашела да не биде повторно гладна на улица – тоа е основната причина зошто работела на сетот.

Таа тврди дека Крис Нот еднаш ја фатил за задникот, без нејзина дозвола. Тврди и дека го коментирал нејзиниот физички изглед, велејќи дека има прекрасни гради и задник, а за време на последната сезона, кога поради здравствени причини се здебелила повеќе од десет килограми, коментирал дека е дебела.

Таа наведува и дека Крис Нот и се обратил на друга девојка која работела на сетот и и рекол- „Сакам да ја врзам малава и да ја шибам“.

Кристин наведува дека оваа година, откако слушнала дека се снима нова сезона, испратила отворено писмо до „The Independent“ во кое тврди дека Крис Нот е сексуален предатор.

„Некои членови на тимот секако беа свесни за неговото однесување и сексуалното вознемирување на сетот, особено откако мојот есеј стана вирален во февруари оваа година. Само пет дена откако беше објавен мојот есеј, беше објавено дека Нот нема да се врати во серијата. Им испратив порака на пријателите: „Најбрзата реакција на мојот #MeToo момент или случајност?“ Замислете го моето изненадување кога тој беше ангажиран за новата сезона неколку месеци подоцна. „Се чувствував продадено“, вели таа.

Во својата исповед девојката наведува дека е свесна оти некои ќе ја обвинат дека привлекува внимание, но дека тоа го прави само за да им помогне на другите жени да ги надминат траумите и да го запре насилникот.

Кристин Дејвид, Сара Џесика Паркер и Синтија Никсон ги поддржаа жените жртви на сексуална злоупотреба кои излегоа во јавноста и рекоа дека Нот ги силувал.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma