Ја прослави познатата серија
Сара Џесика Паркер е најпозната по улогата на Кери Бредшо во серијата „Сексот и градот“. Серијата брзо стана популарна, а Сара модна икона на која сите и се восхитуваат.
Сепак, иако можеби не изгледа така, нејзиниот живот не бил отсекогаш бајка.
Таа почна да глуми во серијата „Сексот и градот“ уште во 1998 година, не сфаќајќи дека ќе постигне голем успех и ќе стане дива. Токму поради таа улога освои четири Златни глобуси, но, како што постојано нагласуваше, омилена титула и била „стилска икона“.
Креациите што ги носеше Кери Бредшо ги воодушевија жените ширум светот и станаа нивна инспирација, а Сара ја гледавме на бројни настани во гламурозни изданија.
Сепак, нејзиниот пат не бил секогаш лесен и морала да надмине многу лоши ситуации. Имено, актерката имала прилично несреќно детство.
Кога имала само три и пол години, нејзините родители се развеле и таа останала да живее со својата мајка и седумте браќа и сестри. Најчесто наследувала работи од други, па дури и кога ги купувала, често биле за еден долар.
Веќе на 8-годишна возраст, го добила својот прв приход кога се појавила во нејзиното телевизиско деби „The Little Match Girl“. Потоа таа и нејзиниот брат добиле улога во Бродвејската продукција „The Innocents“, по што семејството се преселило во Њујорк за таа да има можност да се посвети на кариерата.
Во исто време се запишала во балетското училиште во Њујорк и во „Professional Children’s School“ на Менхетен. Во 1979 година, ја добила главната улога во мјузиклот „Ени“ на Бродвеј.
Повечепати зборуваше за тоа дека се двоумела дали да ја прифати улогата на Кери Бредшо. Како што истакна, имала проблем со голотијата, како и со пцовките кои биле во сценариото. Улогата ја прифатила дури кога продуцентите се согласиле на нејзиното барање да не се соблекува во серијата.