Освежување на целото тело: Пилинг со кафе кој е едноставен и ефикасен, ја трга нечистотијата, а делува и на психата

popara30 декември, 20211min00
17569_shutterstock-1643994034_f

На кожата на телото и треба постојана нега за да остане мека и кадифена, а еден од основните чекори секако е пилингот.

Најдобар и најбезбеден, а воедно и најевтин начин за отстранување на слојот од мртви клетки на кожата е да направите целосно природен пилинг дома.

Ќе ви требаат само 3 состојки кои сигурно ги имате во кујната и 10 минути време за да го спроведете целиот третман.

Пробајте го, вашата кожа ќе ви биде благодарна!

Потребни состојки:

3 лажички кафе (црно, домашно),
3 лажички шеќер (бел или кафеав кристал),
Неколку лажички масло (маслиново, бебешко или што и да имате).

Подготовка: Состојките соединете ги во маса како путер за тело, да не биде ниту премногу течна, ниту премногу густа.

Употреба: Користете го како и секој друг пилинг за тело, а потоа, се разбира, користете гел за туширање за да го отстраните вишокот маснотии од телото.

Кожата ќе стане неверојатно мека, мазна и кадифена. И што е најважно, ова е сосема природен пилинг.

Освен што ја чисти кожата, го ослободува телото од замор и токсини. Делува релаксирачки, како да ја чисти психата.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma