Сите ги сакаат Киндер Буено чоколадите, а сега пробајте ја домашната торта со ореви и нутела која не се пече.
Тортата Киндер буедно е обилен десерт кој се прави од вашите омилени состојки и не се пече. Богатиот вкус и празничниот изглед ќе ја разубават секоја празнична трпеза. Доколку првпат славите салава или штотуку сте почнале да учите да готвите, не двоумете се да го пробате овој рецепт, бидејќи сигурно ќе успеете.
СОСТОЈКИ:
- 20 парчиња какао бисквити
- 50-60 парчиња обични бисквити
- 440 мл млеко
- 500 гр нутела
- 600 мл слатка павлака
- 50 гр путер
- 4 лажици мед
- 240 гр млеко во прав
- 500 гр маскарпоне
- 100 гр сечкани ореви
Подготовка:
Потопете ги бисквитите од какао во млеко (50 мл) и наредете ги на дното од тавата. Потоа прелијте ја нутелата (150 гр.). Обичните млечни бисквити потопете ги во млеко (150 мл) и наредете ги. Во слатката павлака (200 мл) додадете мед и путер и варете малку да се растопи. Потоа додадете го млекото во прав и варете додека се се соедини. Истурете млеко (240 мл) и измешајте. Кога смесата ќе стане хомогена, извадете ја од шпоретот и изладете. Додадете маскарпоне сирење (125 гр), какао и мешајте да соедините. Изладете. Изматете ја слатката павлака (200 мл) со маскарпоне сирењето (125 гр). Додадете ја смесата со оревите и убаво соединете. Прелијте ги бисквитите, па наредете уште еден ред бисквити потопени во млеко. Изматете ја слатката павлака (200 мл) со маскарпоне сирењето (250 гр.) и додадете ја нутелата (350 гр.). Прелијте ги бисквитите и оставете да се изладат во фрижидер 4 часа.