Откако принцот Ендру е обвинет за силување, на судењето би можела да биде сведок и Меган Маркл: Нејзината изјава е важна поради ТРИ ПРИЧИНИ

popara25 декември, 20211min00
Screenshot_8

Вирџинија Робертс Џуфре поднесе граѓанска тужба против принцот Ендру, синот на кралицата, во август. Таа тврди дека три пати била принудена да има сексуални односи со него во 2001 година, кога имала само 17 години, што тој негирал. Прашината околу тој случај не се спушта, а сега Меган Маркл би можела да биде повикана како сведок на судењето на принцот Ендру, изјави адвокатот на неговиот обвинител.

 

Адвокатот на г-ѓа Џуфре, Дејвид Бојс, рече дека сопругата на принцот Хари, Меган, може да биде поканета да поднесе писмен поднесок – изјава – во случајот поради три причини. Г-дин Бојс дополнително ги објасни причините: „Прво; таа е во Соединетите Американски Држави, така што ние имаме јурисдикција над неа. Второ; таа е некој кој очигледно, барем извесно време, бил близок соработник на принцот Ендру и затоа е во позиција што можеби видела што направил, а можеби слушнала и други луѓе околу него како зборуваат за тоа. Третата причина; таа е некој на кој можеме да сметаме дека ќе ја каже вистината“.

 

Нема индикации дека ниту Меган и Хари немаат сознание за обвинувањата упатени против принцот Ендру, кои војводата од Јорк постојано ги негираше. Се вели дека војводата од Јорк е „под неверојатен стрес“ пред сослушувањето за неговиот случај за сексуален напад на 4 јануари. „Мирор“ претходно објави дека Ендру нема да му се придружи на кралското семејство на главната божиќна црковна служба во Сандрингам, откако решил да се „скрие“ за време на празничниот период и се концентрира на претстојното рочиште. Според упатените, тој е “целосно преокупиран” со правната битка и останува буден до ноќта постојано да разговара со своите адвокати од Калифорнија.

 

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma