Се заљубивме во Дени Девито преку комедии меѓу кои една од најпознатите е „Близнаци“ со Арнолд Шварценегер, па јавноста беше изненадена од друга, непозната страна на неговата личност.
Актерот, кој на 17 ноември го слави својот 77 роденден, има навика да спие со статисти од снимања, а за возврат им ветува слава, открија американските медиуми пред неколку години. Се споменуваше и филмот „Hoffa“ од 90-тите и еден конкретен случај.
„Тој ѝ вети на русокоса, која беше статист, дека ќе стане славен ако му обезбеди одредени услуги. Остатокот од актерската екипа и продукцијата знаеја што се случува кога таа отиде со него во лимузина“, рекол изворот.
Многумина беа загрижени за оваа информација бидејќи Дени често знаеше да снима со многу млади колеги, а и покрај се, неговата сопруга Реа Перлман (73), со која се ожени во 1982 година, не сака да се разведе од него. Двојката има три деца и почна да живее одвоено во 2017 година.
Реа секогаш во јавните настапи зборува позитивно за својот сопруг, а пред две години истакна дека не се разведуваат. „Не се разведувам. Тоа не е во планот. Тоа нема да се случи. Зошто би? Живееме одвоено и често се гледаме“, рече таа.
„Дани и јас отсекогаш сме се сакале и имаме три неверојатни деца заедно и навистина се согласуваме за речиси сè важно. Знаете, ние сме заедно 40 години. Тоа е многу време!“, додаде таа. Парот неколку пати се разделуваше во текот на годините, но секогаш истакнуваат колку си значат еден на друг.
‘Ние сме пријатели. Ние сме среќни. Сите се среќни“, изјави во една прилика Девито.
Дени, кој привлече внимание во последните години во хумористичната серија „Секогаш е сончево во Филаделфија“, имаше успешна холивудска кариера и неговото богатство се проценува на 80 милиони долари. Тој се истакна во „морето на истите колеги“ со неговата висина од 147 сантиметри предизвикана од Fairbank болеста или мултипната епинеална дисплазија. Тоа е ретко генетско пореметување кое влијае на растечките краеви на коските, па луѓето кои го имаат се ниски.
Инаку, своевремено се зборуваше дека актерот е проблематична личност за соработка. Неговите колеги рекоа дека знае да доаѓа на сетови и само да ги снима своите сцени, а потоа да си замине без да комуницира со другите.