Светките и празниците одат рака под рака, па нема да погрешите доколку за новогодишната ноќ одлучите да облечете фустан, здолниште или блуза украсена со светки
Без разлика на сезоната во која се наоѓаме, фустанот е секогаш едно од најпосакуваните парчиња во женската гардероба.
За многумина плановите за дочекот на Новата 2022 година се неизвесни, но едно е сигурно – празниците се време кога можеме без каење да носиме светки и кога навистина треба да уживаме во блескавите парчиња.
Овие необични светкави детали на гардеробата станаа популарни на почетокот на 20тиот век, а со задоволство ги носеа познатите дами како Дороти Ламур, Лејди Ди, Џоан Крафорд, Мерлин Монро и други…
На радост на многу жени, светките повторно се во мода, а зимата е идеалниот период кога можете да блеснете во нив.
- Ѕвезда на вечерта
Овој фустан е толку специфичен што сите погледи ќе бидат вперени во вас. Кога станува збор за овој фустан со светки, не ви треба накит, освен, можеби, незабележливо ланче.
- Смарагдно зелен фустан
Зелената е можеби најдобрата опција за коктел фустаните, должината до колена или нешто пократко и е идеална за дами кои не сакаат да носат класични црни или црвени фустани.
Беж штикли или чизми до колена одлично се вклопуваат со овој фустан.
- Диско дама
Во последно време на голема врата се враќа модата која беше популарна во 70-тите и 80-тите години. Сјајот и блескавоста на диско модата повторно станаа популарни меѓу дизајнерите, но и познатите личности кои со задоволство носат крупни светки.
- Мал црн светкав фустан
Елеганција и луксуз се зборовите кои го опишуваат овој фустан. Без разлика на кројот или должината, малиот црн фустан со децении е незаменлив во гардеробите на понежниот пол.
- Во новогодишен дух
Доколку немате инспирација и ја сакате црвената боја, тогаш овој фустан е совршен за вас. Новата година е позната по црвената боја, што значи дека нема да можете да погрешите со фустан во таа боја.
- Бојата на шампањот е секогаш во тренд
Фустаните со светки во посветли бои ќе го комплетираат секој ваш изглед. Доколку не сакате да привлекувате внимание, одберете фустан кој има принт украсен со светки, кој ќе го комплетирате со накит и модни додатоци.