ПАСТА КАРБОНАРА ПО РЕЦЕПТ НА ПОЗНАТИОТ ГОТВАЧ: Не сте пробале нешто покремасто, а се спрема за 10 минути!

popara19 ноември, 20211min00
226757_shutterstock-277399865_ls

Речиси и нема човек кој не би уживал во ова јадење, особено ако е кремасто, сочно и вкусно, според рецептот на најдобрите готвачи како Гордон Ремзи. Имено, тој го откри својот совршен рецепт за кремаста карбонара паста која е готова за само 10 минути. Во продолжение погледнете како можете брзо и лесно да го подготвите овој познат специјалитет дома и да уживате во овој вкусен оброк!

Состојки:

фино парче месна чадена сланина
половина пакување шпагети
2 жолчки
2 поголеми шампињони
2 чешниња лук
1 лута пиперка
малку замрзнат грашок
180 гр кисела павлака
пармезан
сол
бибер
масло
магдонос

Подготовка:

1. Шпагетите се ставаат во зовриена вода.

2. Во тава загрејте малку маслиново масло и додадете ја сланината исечкана на коцки.

3. Лукот ситно се сечка, па се додава сланината, сечканите шампињони, ситно сечканата лута пиперка и малку грашок.

4. Во сад во кој сте ги одвоиле жолчките додадете рендан пармезан и павлака.

5. Сè убаво соединете и додадете малку вода, па повторно промешајте.

6. Од водата во која се варат шпагетите се вадат околу 10 лажици и се ставаат во тавчето со сланина и други состојки.

7. Кога ќе се сварат шпагетите, процедете ги и додајте ги во тавата.

8. Сè убаво измешајте, додадете ја смесата со жолчки, па повторно промешајте.

9. Се посипува со сечкан магдонос, се меша убаво, па се сервира во чинија и одозгора се ренда многу пармезан.

Пријатно!

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag