Пет неверојатни факти за костенот: Го крева имунитетот, го намалува ризикот од болести, а еве кој треба да го избегнува!

popara3 декември, 20211min00
roasted-chestnuts-royalty-free-image-502886028-1544628605

Есента не е само убава сезона, која ни носи уживање во магичните бои на природата, таа ја збогатува нашата исхрана со своите плодови, а со тоа го зајакнува телото.

Сезоната на паѓање лисја ни носи плод кој е многу здрав и вреден кога се во прашање хранливите материи, минералите и витамините. Со есента, костените стануваат еден од најчестите деликатеси и состојки на различни јадења.

За разлика од другите јаткасти плодови, костенот содржи многу мали количини на масти и масло и има голема количина на сложени јаглехидрати, што му дава низок гликемиски индекс.

На сите ни е добро познат мирисот на печените костени што се шири по улицата, но можеби не ги знаете сите здравствени придобивки:

1. Ја подобрува меморијата

Витамините Б од костен помагаат во растот на црвените крвни зрнца, ги разградуваат јаглехидратите, протеините и мастите и даваат енергија и сила. Богат со витамин Б комплекс кој се наоѓа во костените, ги зајакнува мозочните функции и меморијата, а севкупно ја подобрува активноста на мозокот.

Калиумот, со кој се богати и костените, придонесува и за одржување на здрав нервен систем.

2. Го намалува ризикот од болести

Костенот содржи трагови од манган кој се бори со слободните радикали во телото и го намалува ризикот од срцеви заболувања и рак. Исто така, игра клучна улога во процесот на стареење и помага да се спречи згрутчување на крвта.

3. Го зачувува цревниот систем и имунитетот

Богата со растителни влакна, овозможува добра работа на цревниот систем, добра состојба на бактериската флора, спречува запек и цревни пореметувања, кои сите заедно благотворно делуваат на имунитетот.

4. Го регулира крвниот притисок

Печените костени содржат многу малку натриум, но се богати со калиум, па затоа се сметаат за корисни за лицата со хипертензија. Тоа се должи на фактот што има изразено диуретично дејство и придонесува за излачување на течности кај луѓето кои патат од задржување на водата во организмот.

5. Го испушта вишокот вода

Костенот има способност да ја исфрли водата од телото, а со тоа помага при проблеми со бубрезите и стомакот. Ќе помогне во циркулацијата и протокот на храната низ цревата, како и водата.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma