Овој пилинг ќе го направите брзо и лесно, а сѐ што ви треба од состојките веќе ги имате во домаќинството
За пилингот кој благотворно ќе делува на кожата на вашето лице во есенските денови потребни ви се само три состојки, кои речиси секоја жена веќе ги има дома.
СОСТОЈКИ:
Направете силен зелен чај, оставете го да се излади. Во сооднос 1: 1: 1, измешајте ги состојките, што значи една лажица чај, една лажица шеќер и една лажица мед.
Со кружни движења измасирајте го пилингот на кожата на лицето и оставете го да отстои 15 минути. Исплакнете го лицето со млака вода и нанесете хидратантна крема.
Зелениот чај е одличен антиоксиданс, а медот е најголемиот борец против бактериите. Пилингот од овие состојки е идеален за детоксикација и дезинфекција на кожата.
Пожелно е пилингот да се прави еднаш неделно за да се отстранат сите нечистотии кои се во подлабоките слоеви на кожата.