ПИТА СО 3 ВИДА СИРЕЊА: Многу сочна и мека, вистинска хармонија на вкус! (РЕЦЕПТ+ВИДЕО)

popara5 ноември, 20211min00
Screenshot_8

Одличен предлог за вечера: пита од варено тесто и 3 вида сирење

Сите ја обожаваме гибаницата, но сега обидете се да направите пита со 3 вида сирење и со кори кои прво ќе ги зготвите.

Воопшто не е комплицирано, само треба да го замесите тестото и да готвите една минута во врела вода, а потоа 1 минута да го префрлите во ладна вода. Потоа го полните со сирење и ја добивате најсочната пита досега. Се распаѓа во вашата уста и сите ќе ги пофалат вашите кулинарски вештини.

Состојки за тесто:

  • 6 јајца
  • 50 мл вода
  • 1 лажичка сол
  • 650 гр брашно

За полнење:

  • 300 гр овчо сирење
  • 300 гр моцарела
  • 300 гр тврдо сирење
  • 150 гр стопен путер

Подготовка:

Изматете ги јајцата и солта. Потоа додадете вода и брашно и замесете тесто.

Покријте и оставете 10 минути.

Тестото поделете го на 8 дела и од секој дел обликувајте топче.

Тестото развлечете го многу тенко, па варете една минута во врела вода, а потоа префрлете го во ладна вода една минута.

Секоја кора од тесто гответе ја посебно и згответе само 7 парчиња.

Во тавче ставете ја првата сварена кора, па посипете со малку растопен путер.

Кората нека биде малку стуткана.

Така наредете 3 кори и секоја прелијте ја со путер.

Изрендајте ги и измешајте ги сите сирења, па поросете ги врз корите.

Редете кора, па сирење додека не го потрошите материјалот.

Секоја прелијте ја со путер.

Последна треба да биде кората што не сте ја зготвиле (не ја преливајте). Се сече и се пече во загреана рерна на 180 ° C околу 25 минути.

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma