Состојки:
300 гр брашно
100 g густин
100 гр шеќер
2 јаболка
2 јајца
400 мл јогурт
50 мл ракија
1 лимон
100 гр шеќер во прав
2 кесички ванилин шеќер
1 прашок за пециво
1 портокал
Подготовка:
Во поголем сад искршете ги јајцата. Постојано мешаме со вилушка и додаваме јогурт и шеќер. Јаболкото излупете го, изрендајте го и додадете го во садот. Додадете ванилин шеќер и крупно изрендана кора од лимон и портокал. Додадете ракија, брашно, згуснувач и прашок за пециво. Мешајте додека не се соединат состојките.
Оставете го тестото да отстои 15 минути. Со подмачкана лажица го вадиме тестото и формираме крофни, па ги пржиме во тава на поголема количина масло. Готовите крофни ставете ги на салфетка за да се впијат вишокот маснотии.