HBO го објави првиот трејлер за специјалното шоу наречено „Harry Potter 20th Anniversary: Return To Hogwarts“, по повод 20-годишнината од премиерата на првиот филм за Хари Потер и кое ќе се емитува на 1 јануари 2022 година на сервисот HBO Max.
Старото друштво ќе биде заедно, Даниел Редклиф, кој го играше Хари Потер, Руперт Гринт, кој го играше Рон Визли, Ема Вотсон, која ја играше Хермиона Грејнџер.
Ќе има и други ѕвезди од Хари Потер – Роби Колтрејн, Хелена Бонам Картер, Рејф Фајнс, Џејсон Ајзакс, Гери Олдман, Имелда Стонтон, Том Фелтон, Џејмс Фелпс, Оливер Фелпс, Марк Вилијамс, Бони Рајт, Тоби Џонс, Алфред Ено, Метју Луис, Евана Линч и Иан Харт.
Режисерите на сите осум филмови исто така ќе бидат дел од шоуто, вклучувајќи ги Крис Колумбус, Алфонс Куарон, Мајк Њуел и Дејвид Јејтс, заедно со продуцентот Дејвид Хејман.
– Она што најмногу ме исплаши беше импликацијата дека најзначајното нешто во нашиот живот е направено. И постои нешто толку радосно во тоа да се видат сите и да се биде како „никогаш што не било“. Не би бил личноста каква што сум без толку многу луѓе овде – вели Даниел Редклиф во трејлерот.
Погледнете: