Во текот на своите 29 години, Селена Гомез се бореше со бројни неволји, од здравствени проблеми до љубовни проблеми.
Се чини дека пејачката моментално минува низ тешки денови и ги загрижува фановите со своите јавни настапи. Селена беше снимена во понеделникот како го напушта сетот на „Leaving Only Murders“ во Њујорк.
Во таа прилика таа целосно го покрила лицето со заштитна маска, капа, но и со кучето кое го држела во рацете. Во ниту еден момент не можеа да ѝ се видат очите.
Инаку, Гомез неодамна лансираше платформа за ментално здравје, велејќи дека е важно да се разговара на оваа тема. Познато е дека порано се борела со депресијата, поради што се решила на овој чекор. Но, јавноста е загрижена дека иако сака да им помага на другите, актерката изгледа се понесреќна.
Селена неколку пати се повлекуваше од социјалните мрежи и јавноста поради ментално здравје и депресија, особено по конечното раскинување со нејзината прва голема љубов, пејачот Џастин Бибер, кој многу брзо се ожени со неговата сегашна сопруга Хејли Бибер. Селена неколку пати пееше за врската, а подоцна открила како психички ја малтретирале.
Пејачката низ животот имала различни трагедии кои оставиле трага и психички и физички. Првиот вносен договор го потпишала на 16 години, но таа слава и донела проблем со менталното здравје.
Тогаш и беше дијагностициран лупус, хронична автоимуна болест, а за тоа колку е сериозна нејзината состојба доволно говори трансплантацијата на бубрег на која мораше да се подложи во 2017 година. Нејзиниот бубрег го донирала нејзината блиска пријателка Франсија Раиса. Пред болната операција, Селена беше на светската турнеја „Revival“, но откажа дел од концертите поради напади на паника и борба против депресијата.