СОСТОЈКИ:
- 200 гр мелени посни бисквити
- 100 ГР мелени ореви
- сок од портокал
- 100 гр посно чоколадо
- 100 гр шеќер во прав
- 100 гр посен маргарин
ПРЕЛИВ:
- 100 гр посно чоколадо
- 2-3 лажици масло
ПОДГОТОВКА:
Сомелете ги бисквитите и оревите и измешајте. Додадете растопен маргарин и шеќер во прав и малку сок. Добро измесете со рацете. Поделете на половина. Во едниот дел додадете го стопеното чоколадо и измешајте.
Чоколадниот дел ставете го во плех и убаво распоредете го со шпатула. Ставете го светлосниот дел и порамнете го.
Посипете со растопено чоколадо во кое сте додале малку масло. Оставете убаво да се стегне во фрижидер. Се сече целосно изладено.