Неговата смрт е голем удар за целата модна индустрија
Тажната вест ги потресе сите љубители на модата и дизајнот. Вирџил Аблох, познат американски дизајнер кој беше познат по креирањето на машка облека за Луј Витон, почина на 41-годишна возраст.
Веста за смртта е објавена на неговиот профил на социјалната мрежа Инстаграм:
– Ужаснати сме што објавуваме дека нашиот сакан Вирџил Аблох, верен сопруг, татко, син, брат и пријател почина. Тој го остави неговата сакана сопруга Шенон Аблох, неговите деца Лав Аблох и Греј Аблох, неговата сестра Едвина Аблох, родителите Ни и Јунис Аблох и многу драги пријатели и колеги.
Повеќе од две години, Вирџил храбро се борел со ретка, агресивна форма на рак, срцев ангиосарком.