Холивудската актерка Деми Мур e една од најубавите и најмодерни жени во Холивуд. И покрај додворувањето на многу познати личности, таа најпрвин среќата ја најде со рокерот Фреди Мур (1981-1985), а по разводот реши да го задржи презимето.
Потоа следеше бракот со познатиот актер Брус Вилис, со кој имаше три деца.
Тогаш на нејзиниот шарм падна еден од најпопуларните тогашни актери на помладата генерација, Ештон Качер, кој имал само 25 години кога првпат се запознале.
Деми тогаш имаше 40. Двојката беше во брак 7 години и врската беше полна со подеми и падови. Актерката во еден момент дури се обидела да забремени, верувајќи дека тоа ќе им ја подобри врската, но приказната завршила со непријатен развод по кој Мур била во тешка депресија.
Главната причина била тоа што Ештон бил неверен, а актерот подоцна стапил во врска со Мило Кунис со кој во меѓувреме имал деца.
Сепак, и Деми ја најде својата среќа. Имено, нејзиното срце го освои една девојка од нашите соседи, 44-годишната стилистка Маша Манџука. Тие две првите неколку години се гледаа во тајност, а воедно заедно ја одгледаа и ќерката на Маша, Рума, која стилистот ја доби со српскиот уметник Богомир Дорингер.
Со текот на времето престанаа да се кријат, па Маша објави и изјави за љубов на социјалните мрежи.
„Те обожавам и горда сум што сум во твојот живот“, напиша таа покрај една заедничка фотографија.
И домашните и светските медиуми веќе подолго време пишуваат дека тие две се заедно од летото 2017 година, но и дека во една прилика биле видени во Белград. Сепак, во холивудските кругови се шпекулира дека Деми и Маша се блиски од 2014 година.
На Маша, која е косопственичка на њујоршкиот бренд Anda & Masha, не и се допаѓа вниманието на медиумите, иако и е тешко да го избегне бидејќи соработувала со ѕвезди како Ријана, Дру Баримор, Алиша Кис. Притоа, таа е првата жена со која Деми била во врска.
Како што стојат работите, актерката и стилистот се уште се во врска, а бројни извори потврдуваат дека Маша е таа што ѝ донесе мир на Деми, но и ја подигна нејзината самодоверба, што ѝ требаше по се што помина на полето на љубов.