Квалитетниот сон е многу важен за нормално функционирање на целиот организам.
Експертите советуваат дека осум часа сон се доволни за телото да се одмори, да се регенерира и да се подготви за следниот ден со обврски, додека премногу сон може негативно да се одрази на здравјето.
Погледнете како тоа влијае на вашето тело:
Вишок килограми
Неколку американски студии покажаа дека премалку, но и премногу часови сон подеднакво влијаат на развојот на дијабетес, како и на појавата на гојазност.
– На тој начин го скратувате времето за физичка активност, која му е потребна на вашето тело, а притоа немате волја за ништо бидејќи сте станале предоцна – навеле американските истражувачи во резултатот од студијата.
Депресивни состојби
Докажано е дека постојат различни депресивни состојби – од минливи до потешки форми поврзани со нарушувања на спиењето. Недостатокот на волја за каква било активност го „тера“ човекот да спие подолго и да бега од реалноста. И колку подолго спие, толку е понеактивен и понезадоволен, па едната депресивна состојба прераснува во друга и продолжува.
Срцев заболувања
Статистиката вели дека причина број еден за смрт во светот е појавата на срцеви заболувања, односно појава на срцеви удари, а оние кои речиси секогаш спијат подолго од осум часа се за една третина повеќе изложени на ризик од срцев удар.
Главоболки
Патем, ако сте спијачи, тогаш веројатно сте доживеале главоболки кои се јавуваат после прекумерното спиење. Тоа се случува затоа што премногу часови сон имаат негативен ефект врз невротрансмитерите во мозокот, што го нарушува лачењето на серотонин, хормонот на среќата кој прави да се чувствувате добро.
Проблеми со меморијата
Премногу сон ги нарушува и когнитивните процеси, што значи дека во таква состојба ви е тешко да се сконцентрирате, нема да можете правилно да учите ниту правилно да заклучувате.