Во зимските месеци многу е важно да се зајакне имунитетот. Во тоа ќе ни помогнат свежото овошје и зеленчук, заедно со квалитетниот сон и физичката активност.
Комбинацијата од моркови, јаболка, киви и други состојки е полна со витамини и минерали кои го чуваат здравјето и штитат од разни вируси.
Ова смути може да биде одлична ужина, а понекогаш дури може и да го замени појадокот.
Состојки:
морков
портокалова
јаболко
чаша цеден сок од јаболко
киви
лажица јаболков оцет
малку ѓумбир во прав
Подготовка:
Излупете го и исечкајте го овошјето. Додадете јаболков оцет и ѓумбир и сè ставете во блендер. За неколку секунди ќе добиете вкусен оброк за децата, а и самите ќе уживате.