Како ви се чини?
Првиот официјален трејлер за новата серија „How I Met Your Father“ штотуку е објавен, а Хилари Даф и Ким Катрал собраа бројни комплименти како нова и стара верзија на истата Њујорчанка.
Ситкомот, кој треба да биде на стриминг сервисот Hulu од 18 јануари, ќе мора да се соочи со големи очекувања. Неговиот претходник „Како ја запознав мајка ви“, во кој Тед Мозби им раскажува на своите деца предолга приказна за сето она што претходело на неговата прва средба со нивната мајка, е миленик на публиката веќе девет сезони, а разочарувањето ќе биде големо ако новата верзија не ги исполни критериумите.
Во „Како го запознав татко ви“, родовите улоги се обратни. Ким Катрал игра постара верзија на Софи која им раскажува на децата приказни од нејзината младост. Софи во 30-тите ја игра Хилари Даф, а од трејлерот можеме да видиме дека таа и нејзините пријатели ќе мора да одат на цела низа несреќни состаноци пред да го запознаат оној вистинскиот, т.е. онаа вистинската.
Низ трејлерот се провлекуваат бројни и наизглед интересни ликови кои публиката ќе може да ги запознае само во серијата, како и како изгледа ‘дејтинг’ сцената во Њујорк по пандемијата.