Првото издание на „Хари Потер“ продадено за нереална сума

popara10 декември, 20211min00
Harry Potter and the Chamber of Secrets

Според “Херитејџ“, тоа не е само најскапата книга за Хари Потер што некогаш била продадена, туку и најскапото комерцијално издание на белетристика од 20 век некогаш продадено.

Првото издание на „Хари Потер“ е продадено во САД за 471.000 долари, а аукционерите објавија дека станува збор за светски рекорд за дело од белетристиката од 20 век.

Британското издание на книгата „Хари Потер и каменот на мудроста“ од 1997 година, во тврд повез и со илустрација во боја на корицата, аукциската куќа “Херитејџ“ го опиша како „магично, неверојатно светло и речиси недопрено“, пренесува Ројтерс.

Се наведува дека се испечатени само 500 примероци од книгата со специјален повез, а крајната цена била шест пати повисока од претпродажната проценка од 70.000 долари.

Според “Херитејџ“, тоа не е само најскапата книга за Хари Потер што некогаш била продадена, туку и најскапото комерцијално издание на белетристика од 20 век некогаш продадено.

Книгата е продадена од американски колекционер, а името на купувачот не е објавено.

Претходните аукциски цени за првите изданија на „Хари Потер“ се движеа од околу 110.000 до 138.000 долари.

Британската писателка Џ.К. Роулинг напиша уште шест книги за авантурите на младиот волшебник, кои се преведени на 80 јазици и продадени во околу 500 милиони примероци ширум светот.

Врз основа на книгите се снимени осум филмови кои заработиле 7,8 милијарди долари.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma