Со овие колачиња традиционално се слават новогодишните празници
Вкусно, лесно, фино и ефективно – сето тоа се вклопува во вкусните закуски од мали колачиња како што се оревчињата кои се подготвуваат по наједноставниот рецепт.
Состојки за кора:
- 150 грама брашно
- 140 грама путер
- 70 грама мелени ореви
- 70 грама шеќер во прав
- малку цимет
Состојки за крем за полнење:
- 12 лажици мелени ореви
- 4 лажици рум
- 4 лажици џем од шипинка
Подготовка:
Сите состојки измесете ги во мазно тесто. Се става во кеса или фолија да се одмори во фрижидер 1 час. Потоа наполнете ги калапите за ореви и печете во рерна на 180 степени околу 25 минути.
Загрејте го румот, прелијте ги мелените ореви. Додадете го џемот и соединете сè. Спојте ги половините од оревите и наполнете.