Прославената актерка Мишел Фајфер ја воодушевува публиката со своите улоги и посебна харизма од раните 1980-ти, а достигнувањата на „Greaѕe 2“ и „Scarface“, „Dangerous Liaisons“, „The Fabulous Baker Boys“ и „Love Filled“ засекогаш ги освоија срцата на љубителите на филмот.
Иако нејзината кариера беше на нагорна патека, Мишел често исчезнуваше од големото платно, па режисерот на филмот „Mother“ јавно ја праша актерката што ја кочи, а таа му одговори во интервју за магазинот „Interview“.
– Никогаш не престанав да ја сакам глумата. Јас сум тип на личност која сака рамнотежа кога е работата во прашање. Улогите ги избирав многу внимателно, колку време ќе ми треба да снимам филм затоа што сакам да одговара на мојот приватен и деловен живот. Во меѓувреме станав пребирлива и не знам што да ви кажам – исчезнав, така е – рекла еднаш актерката.
Фајфер често избегнува јавни собири, интервјуа, емисии, а ова беше нејзиното објаснување.
– Само мислев зошто не сакам толку интервјуа. Мислам дека тоа е постојан страв дека луѓето ќе сфатат дека сум измамник и дека ќе ме откријат. Дали разбирате што се обидувам да ти кажам? Луѓето конечно ќе сфатат дека немам идеја како да глумам и дека едноставно имав среќа.
Актерката беше активна до 2002 година. По филмот „White Oleander“ снимила неколку филмови на подолги интервали.
Пред да успее во Холивуд, додека посетуваше часови по глума и дикција во Лос Анџелес, лековерната актерка беше целосно изманипулирана од мистериозен пар кој водел метафизички и вегетаријански култ.
Тие собраа луѓе и ги спречија да бидат обземени од раскошот на Холивуд, консумирање алкохол, опијати и никотин. На Мишел влијаел необичниот култ и ја натерале да им ја дава целата месечна плата.
– Кога ќе се сетам на тој период, се сеќавам колку ми беше испран мозокот и на што паднав од страв да не паднам под влијание на славата – изјавила актерката во 1995 година.