Доколку ги извадите блузите или џемперите кои се во фиока неколку месеци, не очекувајте пријатен мирис. Што е уште полошо, по долгото стоење, облеката може да добие непријатен мирис, но ние ќе ви откриеме едноставен и многу евтин начин како да го поправите тоа.
Сѐ што ви треба е сапун со силен мирис. Сѐ што треба да направите е да го ставите во плакар или фиока помеѓу облеката. Ако имате голема површина, можете да искористите неколку парчиња. Најдоброто нешто за овој патент се две работи: вака употребениот сапун никогаш не се троши, мирисот не се губи со текот на времето. Затоа сапунот во вашиот плакар има предност пред освежувачите за воздух и миризливите закачалки. Поевтин е, поефикасен и трае … вечно. А подоцна можете да го користите и за капење.