Пресудни знаци кои откриваат дали вашата врска ќе успее: Пеперутките во стомакот не се доволни!

popara10 ноември, 20211min00
diverse-couple-laughing-while-packing-suitcases-for-holiday-4247722-830x0

Иако многумина би рекле дека спротивностите секогаш привлекуваат, особено кога станува збор за машко-женски односи, неодамнешните студии покажуваат дека сличностите и заедничките цели се клучни за долготрајна и успешна врска.

Интелектуалната компатибилност, велат студиите, е суштината на добрата врска, иако многумина првично се фокусираат на тоа дали ги чувствуваат тие познати пеперутки во стомакот кога ќе ја видат или помислат на саканата личност.

Големите разлики во областа на интелигенцијата и образованието можат да бидат пречка во разбирањето, размената на интереси и активности.

Доколку вашата врска ги има сите овие карактеристики, вие сте дефинитивно добра комбинација која покрај заљубувањето и физичката привлечност, ги врзува нешто многу подлабоко и подолготрајно.

1. Ги имате истите интелектуални вредности

На секој човек во врска му треба време да се посвети само на себе и на своите хоби. Меѓутоа, ако често се повторува дека вие читате книга, а тој е пред телевизор и гледа реални шоуа, тоа дефинитивно е знак дека не сте на исти бранови должини.

Дополнително, ако вие повеќе сте заинтересирани да поминете викенд во посета на музеј, додека нему идејата му е непривлечна, размислете колку ви одговара.

2. Учите еден од друг

Ако погледнете која било личност која е задоволна и среќна, тоа секако значи дека постојано работи на себе и го усовршува своето знаење.

Ретко кој стагнира и е задоволен. Затоа, не е изненадување што студиите покажуваат дека само паровите кои постојано учат еден од друг веројатно ќе преживеат подолго во среќна врска.

3. Сонувате заедно

Ако често лежерно разговарате за целите и иднината и тие се совпаѓаат, на добар пат сте.

Ако не треба да си ги објаснувате плановите еден на друг и секогаш имате нешто ново да додадете и надградите, вие сте во врска со личност која е многу слична на вас.

4. Имате слична смисла за хумор

Ако ви се случило безброј пати едниот да почне да се шегува или да даде забелешка, а другиот да го заврши – дефинитивно ја имате истата смисла за хумор.

Ако понекогаш е доволно само да се погледнете и да пукнете од смеење, вашата врска е речиси идеална. Ова не мора да значи дека на сите други им се смешни и интересни истите работи како вас, но за вас е сосема неважно.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma