Неверојатно!
Порталот „Buzzfeed“, во својот најнов подкаст „Buzzfeed Daily“, разговараше со студентката за сексуална терапија Тања Кинг, а темата беше сексуалниот живот на генерацијата Z.
Често се вели дека членовите на генерацијата Z имаат помалку секс од генерациите што им претходеле. Кинг гледа една од причините во тоа што растењето е различно во споредба со претходните генерации.
– Кога размислувате за секс, не се работи само за тоа туку и за врските, иселувањето од родителскиот дом, заедничкиот живот со партнерот или бракот. И многу од овие ситуации се одложуваат во нашата генерација – објаснува Кинг.
Втората причина, вели, е напредокот во технологијата, пристапот до апликациите за запознавање и полесниот пристап до порнографија.
– Затоа, многу пати е полесно да се има секс на телефонот од удобноста на домот, за разлика од вистинските средби со луѓе лице в лице. И повторно, со пристап до порнографија, се повеќе луѓе остануваат дома и мастурбираат наместо да практикуваат секс со партнерот – додава таа.
Се осврна и на популарното „TikTok“ видео во кое корисничката @eveculling ве советува да бидете интимни веднаш на првиот состанок бидејќи на тој начин можете да одредите дали личноста е сексуално компатибилна со вас.
– Мислам дека тој совет не е толку лош, но мислам дека е во ред и ако не сакате да го направите тоа на првиот состанок. Но, сметам дека е добра идеја барем да се зборува за тоа. Прашајте ги луѓето што ги пали и можеби ќе добиете слика какви се во кревет – објаснува.
Таа смета дека луѓето треба да почекаат со сексот додека навистина им е удобно бидејќи ако не им е удобно, тоа едноставно ќе се претвори во непријатна ситуација.
– Знаете, ако сте целосно подготвени за секс на првиот состанок, продолжете. Но, ако не сте, мислам дека зборувањето за тоа би било добра идеја – заклучува Кинг.