Американскиот магазин „Форбс“ објави листа на 100 најмоќни жени во светот, а на првата позиција се најде Мекензи Скот, поранешната сопруга на Џеф Безос.
Во написот за најмоќната жена на светот, новинарката на Форбс Меди Мекграт пишува дека Скот по разводот со Безос добила огромни финансиски средства кои брзо почнала да ги распределува во хуманитарни цели.
„Пред три години, Мекензи Скот беше авторка, сопруга и мајка на четири деца, која основаше група против злоупотреба и му помогна на својот сопруг да го води Амазон во 1990-тите. Таа тогаш остана во неговата сенка – но потоа се разведе од Безос“, пишува во текстот.
Се наведува дека колапсот на бракот следел по прељубата на Џеф. Мекензи решила да стави точка на бракот, но и сето тоа скапо му го наплатила. Таа од овој брак излезе со значителна сума на пари на сметката. По разводот, таа доби четвртина од уделот во Амазон и речиси веднаш почна да планира да го подели сето тоа.
„Имам несразмерна сума пари за споделување со другите“, рече таа во мај 2019 година, кога потпиша ветување дека ќе донира и вети дека ќе даде барем половина од своето богатство во добротворни цели, пишува Мекграт.
Според новинарот на Форбс, Скот, не само што го ставила зборот на дело, туку и го направила тоа, а и понатаму работи со рекордна брзина и со целосна контрола на кого дава пари. „За повеќе од две години, од своето богатство кое се проценува на 57 милијарди долари, таа даде 8,6 милијарди долари на 780 организации кои се борат за родова еднаквост, како и за искоренување на расната дискриминација“, пишува новинарот.
По разводот со Безос, среќата и се насмевнала што се однесува до љубовта.
Две години откако Џеф Безос ја остави за љубовница, Мекензи Скот ја најде својата среќа.
Познатиот хуманитарец во тајност се омажи за професорот од Сиетл, Ден Џевет, а веста за бракот беше потврдена минатиот викенд на веб-страницата на организацијата Giving Pledge, која ги охрабрува богаташите најголемиот дел од парите да ги дадат во добротворни цели.
Денес, најмоќната жена во светот работи со својот сопруг, истражувачи и советници на непрофитната консултантска компанија „Бриџспан“. „Таа не одговара на никого, нема одбор на директори (за кои што знаеме)“, рече Мекграт.
За споредба, фондацијата Гејтс, која има речиси 1.800 вработени, заработила 5,8 милијарди долари грантови во 2020 година. Скот таа година поделила нешто повеќе од истата сума. И што е најважно, таа ја користи филозофијата на „неограничено давање“, што значи дека секоја организација може да ги користи средствата како што ѝ одговара“, заклучува авторот на Форбс.