ПРИНЦЕЗАТА ШАРЛИН ПО 9 МЕСЕЦИ КОНЕЧНО ДОМА: Од жената која некогаш беше, остана рушевина…

popara9 ноември, 20211min00
170785_profimedia0389177842_ls

Принцезата Шарлин се врати дома во вистинско време – да го смири сопругот по непријатните изјави со кои јавно ги „награди“ неговата поранешна љубовница Никол Коста.

Алберт минатата недела изјави дека се надева оти принцезата ќе пристигне во Монако пред националниот празник, на 19 ноември, и желбата му се исполни. Брзо се опоравила од последната, четврта операција на синусот и внатрешното уво, која била извршена во Јужноафриканската Република, па можела мирно да се качи во авион и по речиси девет месеци да лета на друг континент.

Princeza Šarlin

Таа утрово со приватен лет пристигна во Монако, а на пистата ја пречека лимузина со обезбедување и ја однесе до палатата. Таа беше облечена во црн комбинезон, додека лицето од вирусот и љубопитните погледи го штитеше со маска во иста боја.

Доколку се биде добро, таа и Алберт најверојатно за неколку дена ќе тргнат за Дубаи, каде во име на кнежевството треба да учествуваат на Светската изложба „EXPO“. Покрај сопругот, Шарлин најмногу била задоволна од децата Жак и Габриела, кои, со исклучок на една неодамнешна посета, во последните месеци можела да ги гледа само преку видео повици.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma