Тешко е некој да помисли дека овие двајца имаат за што да разговараат, но некои тврдат дека направиле повеќе од муабет …
А и врапчињата на гранките знаат дека Чарлс, принцот од Велс, ја изневерувал принцезата Дијана од самиот почеток на бракот со жената на неговиот живот, Камил Паркер Боулс, со која подоцна се оженил.
Сепак, далеку од тоа дека е единствената со која е поврзан наследникот на британскиот трон! Покрај неа, се шпекулираше дека тој шармирал една голема ѕвезда …
Првите гласини дека принцот од Велс се гледа со американската пејачка Барбара Стрејсенд се појавија во 1990-тите, откако таа настапи на хуманитарен настан во 1994 година на негова покана.
Сепак, тие се запознале многу порано. Тие, наводно, првпат се сретнале во 1974 година, кога принцот Чарлс бил во посета на сетот на нејзиниот филм „Смешна дама“. Наводно, патиштата им се вкрстувале неколку пати во животот, а познато е дека принцот ја посетил Стрејсенд во студиото каде таа снимала во Лос Анџелес.
– Чарлс бил заљубен во Барбра Стрејсенд како млад човек. Уште додека беше во Кембриџ, имаше нејзин постер на ѕидот – еднаш напиша Кристофер Андерсен во книгата „Игра на круните“. Тој додаде дека принцот и пејачката и актерката наводно имале тајна средба во Лос Анџелес, која ја опишал како „приватна чајна забава“.
Секако, ниту Чарлс ниту Барбра не ги коментираа овие гласини, иако музичката ѕвезда и оскаровка се осврна на нив. За време на концертот во Лондон, таа на публиката ги покажа своите фотографии со принцот од Велс со наслови за нивната „афера“ и рече:
– Да играв подобро, можев да бидам првата еврејска принцеза!