Марс, планетата на акцијата, која е одговорна за начинот на кој се лутиме, на 13 декември влезе во знакот Стрелец, каде што ќе остане до 24 јануари 2022 година.
Како што Марс ќе почне да ги презема карактеристиките на знакот во кој се наоѓа, луѓето ќе треба да ги решаваат проблемите со доза на оптимизам. Стрелецот е еден од најпозитивните знаци во зодијакот, но и многу импулсивен.
Марс во Стрелец сака нови предизвици, растојанија и нема страв од нови работи. Сепак, тоа носи и одреден ризик затоа што нема да ги почитуваме другите кои не ја делат нашата животна филозофија и верувања.
Секогаш ќе сакаме да имаме повеќе и ќе не привлекуваат ситуации во кои можеме да ризикуваме. Ова е период на импулсивни одлуки, бидејќи Стрелецот како знак е во состојба да ги донесе преку ноќ.
Вистината и довербата ќе бидат најважни, но хуморот нема да ни недостига.
Влијанието на Марс од Стрелец ќе го почувствува и Стрелецот, а нема да им се допадне на Рибите, Близнаците и Девицата.
СТРЕЛЕЦ – Водете сметка се за импулсивни одлуки, но дозволете енергијата на Марс да ве турне напред.
РИБИ – Стресот на работа ќе стане поголем.
ДЕВИЦА – Пазете се од дефекти во станот.
БЛИЗНАЦИ – Можни се чести дискусии со партнерот. Ако не сте во брак, вашиот деловен партнер ќе стане невозможен за соработка!
Најмногу ќе им одговара на Лавовите и Овните! Тие можат да ја искористат оваа енергија за да ги направат потезите за кои досега сонувале.