Пријателство со бенефиции- добро или лошо?

popara17 ноември, 20211min00
Screenshot_2

Новото време ни донесе и нов вид пријателство, или постоело и порано, само не било толку актуелизирано како сега. Дали пријателството со бенефиции е добро нешто или е глупост донесена од модерниот свет?

 

Прво, од каде потекнува овој вид пријателство? Филмовите како „Friends with benefits“ и „No strings attached“ дефинитивно ја изрекламираа оваа „нова мода“.

 

Што претставува? Најточно кажано, тоа се пријатели кои имаат секс, без никакви чувства, и секако без нежности и љубов, чиј однос се заснова на телесна привлечност.

 

Колку е често ваквото пријателство? Мора да бидеме свесни дека тоа и не е така ретка појава дури и кај нас, но со сигурност, пријателството со привилегии или бенефиции бара добро да размислите и внимателно да му пристапите.

 

Дали е тоа добро или лошо? Кои се позитивните, а кои негативните страни на ова „пријателство“ и зошто луѓето започнуваат нешто вакво?

 

Потреба од ваков „пријател“ имаат оние кои се фокусирани на кариера или на образование толку многу, што немаат време да ѝ се посветат на вистинска врска, или личности кои во моментот не сакаат сериозна врска туку забава.

 

Она на што треба да сте внимателни, е цврстината на вашето пријателство. Ако сте биле многу блиски пријатели, не започнувајте вакво нешто, зашто голема е веројатноста на крај да не остане ништо од вашето пријателство, дури да изгубите секаков контакт. Ако некого го гледате како вистински/а другар/ка, дали е во ред да го претворите во пријател со бенефиции?

 

Пред да започнете нешто вакво, бидете свесни дека тоа ќе биде привремено, а не долгорочно. Многу зависи и од карактерот на човекот, дали сте вие такви личности кои би можеле сексот да го гледаат само како забава, без да станете кревки и подложни на повредување, дали сте „отпорни“ на чувства?

 

Колку и да изгледа оваа врска едноставно, баш напротив, сето тоа може да стане многу комплицирано доколку добро не сте размислиле и доколку функционирате само според вашите инстинкти.

 

Пријателството со привилегии од една страна е добро, вие се знаете меѓу себе, знаете што ви се допаѓа, може да имате опуштен разговор, да бидете свои без преправање и без претерано да внимавате на вашето однесување. Вие не мора, а ниту пак треба да се трудите да го/ја освоите, па тоа е олеснителна околност.

 

Внимавајте!

 

  • Она што го имате, нека остане меѓу вас, никој друг не мора да знае, тоа нека биде вашата тајна. Кажувањето на други може да донесе многу компликации и да ви штети и на двајцата.
  • Доколку се јават какви било чувства, не потиснувајте ги во себе, или прекинете веднаш со вашата игра наречена „пријатели со бенефиции“, или ненаметливо дознајте дали тие чувства се јавиле и од другата страна. Кој вели дека тоа никогаш не може да прерасне во љубовна врска?
  • Внимавајте на подароците, што, кога и како подарувате. На вашиот пријател логично е да му подарите нешто за Божиќ, но не за Денот на вљубените, и секако, ништо што носи каков било симбол на љубовта.

 

  • Кога заминувате од кај него/неа, понесете сè со себе, не оставајте ништо во неговиот/нејзиниот дом. Оставањето на некое парче облека, средства за лична хигиена или накит веќе наликува на врска. Поставете си линија која не смеете да ја поминете.
  • Колку и да е дефиниран овој однос како бесчувствителен, границите се кревки и лесно е да се преминат, а уште полесно е да бидете погрешно разбрани. Затоа направете договор уште на почетокот, бидете искрени еден кон друг.
  • Заштита на највисоко ниво – доколку се впуштате во нешто толку несериозно, бидете свесни дека тој/таа може да има и други сексуални партнери. Секогаш имајте на ум задолжително да го заштитите вашиот сексуален однос.
  • Внимавајте што зборувате, и какви пораки пренесувате, „го сакам начинот на кој…“ може да има многу блиско значење со „те сакам“ или „ми се допаѓаш“.

Факт е дека живееме во 21-ви век и нашите гледишта мора да бидат поотворени, никого да не осудуваме и да научиме да се носиме со модерното време, и сè што тоа ни наметнува. Тоа е сепак една врска во модерна форма, каде и двајцата си имаат меѓусебни привилегии. Да бидеме искрени, сите имаме свои потреби, а пријателство зачинето со малку повеќе забава, не може да ни штети доколку бидеме доволно претпазливи. Уживајте во неговото/нејзиното друштво додека во вашиот живот да дојде она „вистинското“.

 

Уште едно прашање на искреност: дали навистина нема да се јават никакви емоции? Дали може сексот да не доведе до појавување на чувства и кај двајцата? Кога ќе дојде време да ставите крај на сето тоа, како крајот ќе биде прифатен од другата страна? Како всушност завршуваат горенаведените филмови? Затоа пред да започнете вакво нешто, добро размислете, издвојте ги добрите и лошите страни на еден ваков однос.

 

Не заборавајте, најдобрите врски започнале со пријателство, но со какво?

 

Какво е вашето размислување на оваа тема? Сте имале, и дали во иднина би имале ваков вид „пријателство“?

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma