ПРОМЕНЕТИ СИМПТОМИТЕ НА КОВИД СО ВАЖНО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Вакви се кај вакцинираните и невакцинираните лица

popara17 ноември, 20211min00
kovid_bolnica

Како што се развива САРС-КоВ-2, така се развиваат и симптомите. Губењето на мирисот, на пример, порано беше еден од знаците на болеста Ковид-19, но сега е само 9-ти најчесто пријавен симптом кај оние кои имаат инфекција (но не биле вакцинирани).

Иако постојат сличности во симптомите меѓу оние кои ги примиле дозите од вакцината и оние кои не ја примиле, постојат значителни разлики кои можат да ви помогнат да одредите дали треба да се тестирате.

Симптоми кај луѓе кои не се вакцинирани

1) Главоболка

2) Болки во грлото

3) Течење на носот

4) Треска

5) Постојана кашлица

Недостатокот на здив беше 30-ти најчесто пријавен симптом. Симптомите за оние кои примиле единечна доза од вакцината биле слични на оние кои не биле вакцинирани.

Симптоми кај луѓе кои примиле една доза од вакцината

1) Главоболка

2) Течење на носот

3) Болки во грлото

4) Кивање

5) Постојана кашлица

„Еден од првичните показатели за постојана кашлица беше меѓу првите пет симптоми, но таа сè уште е под кивањето и течење на носот на скалата“, пишуваат авторите на студијата. Кај оние кои примиле две дози од вакцината, разликите биле уште појасни, а упорната кашлица не била меѓу првите пет симптоми на болеста.

Симптоми кај луѓе кои примиле две дози од вакцината

1) Главоболка

2) Течење на носот

3) Кивање

4) Болки во грлото

5) Губење на мирис

За оние кои се заразиле со корона вирусот по примањето на двете дози од вакцината, забележано е дека симптомите траат многу пократко.

„Постојат неколку причини зошто симптомите може да се променат. Факт е дека оние кои се вакцинирани имаат помалку тешки симптоми, а повеќе случаи се пријавени од помлади луѓе, за кои откривме дека имаат различни, помалку тешки симптоми“, велат научниците.

Иако симптомите малку се променија кај вакцинираните, советите останаа исти. „Ако сте вакцинирани и почнувате да кивате често без објаснување, треба да се тестирате за ковид, особено ако живеете или работите во близина на луѓе кои се изложени на поголем ризик од болестта“, велат тие.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma