Добро отворете ги очите и забавувајте се
Декември и јануари се месеци кои ги поминуваме во празнично расположение. Дружењето, размената на подароци, филмовите со божиќна и новогодишна тема прават да се чувствуваме подобро и барем на кратко да заборавиме на секојдневните проблеми.
На оваа фотографија е скриена капата на Дедо Мраз, во мноштво новогодишни мотиви.
Точно, многу е тешко да се забележи, бидејќи сите мотиви се исцртани во бело, па предизвикот е поголем.
Обидете се да го најдете капачето на најомилениот дедо низ Светот!
Моменталниот рекорд е 60 секунди.
За да ви помогнеме – капачето е во горниот дел од сликата.
Доколку не успеавте да го пронајдете погледнете ја фотографијата подолу.