Регенераторот го користиме за одржување и нега на косата. Сепак, дали знаевте дека можете да го примените во следните ситуации?
Овие неколку трикови со регенератор ќе ви ги олеснат секојдневните активности.
Дава мекост на кожата
Користете го како хидратантна купка, особено ако претходно сте користеле пилинг за тело или пена за капење. За да ја вратите природната влажност на вашата кожа, само додадете малку регенератор пред да завршите со бањањето. За само неколку моменти вашата кожа ќе биде мазна и мека, но и хидрирана.
Добар е и за мирисот на облеката
Регенераторот обично остава пријатен мирис во косата, но можете да го користите и за подобрување на мирисот на облеката. Од него сами можете да направите омекнувач и освежувач. Само измешајте малку регенератор и флаширана вода во шише со распрскувач. Добро протресете го шишето пред употреба, а потоа нанесете го на облеката од далечина.
Може да биде замена за пена за бричење
Исто така, иако звучи невозможно, можете да го користите и како пена за бричење. Како што веќе рековме, тој е одличен за хидратација на кожата, но ги омекнува кожата и влакната, го олеснува бричењето и спречува исекотини и поткожни влакна.
Ги регенерира кутикулите
Може да постигнете меки кутикули и за време на маникир и педикир. Едноставно нанесете малку регенератор со памук и потоа измасирајте го во ноктите и кожата околу нив.
Рачно перете ја облеката со него
Ако ви снема детергент за перење, тука ќе ви помогне регенераторот. Ставете ја облеката во сад со топла вода и додадете една кафена лажичка регенератор. Оставете да отстои половина час, а потоа исплакнете и исушете.