Се подготвува брзо, а вкусот е феноменален
Пржен, варен, печен, како прилог или дел од салата – компирот е секогаш идеален избор за семеен ручек. Ако немате многу време да го подготвите, тогаш секогаш може да направите компир од рерна што ќе биде готов за еден час.
Печените компири се одличен прилог за месо, а доколку послужите и салата, ќе добиете комплетен оброк кој сите ќе го обожаваат.
Состојки:
6 поголеми компири
120 мл масло
3 лажици брашно
300 мл млеко
350 мл вода
200 гр кашкавал
Подготовка:
Во тенџере се става малку масло, па се додава брашното и се пржи 2,3 минути, внимавајќи да не изгори.
Потоа истурете ги млекото и водата, и сето убаво помешајте го.
Додадете сол, бибер и зачини по вкус и мешајте додека течноста малку не се згусне.
Сто грама кашкавал се ренда на поголемо ренде, па се додава во тенџерето.
Излупете ги компирите и исечете ги на парчиња. Тавата за печење намачкајте ја со масло, па наредете ги кришките компири така што ќе се преклопуваат.
Со сосот прелијте ги компирите и посипете ги со преостанатите 100 гр кашкавал.
Садот се покрива со фолија и се става во загреана рерна на 200 степени 45 минути.
Проверете со нож или вилушка дали компирите се меки, па најдобро ќе одредите дали треба уште да се печат или не.
Послужете топло со пилешко или некое друго месо или како комплетен оброк со салата по ваш избор.
Пријатно!