Руска докторка открива кои болести му претходат на инфарктот

popara12 ноември, 20211min00
Screenshot_2

Болести кои му претходат на срцевиот удар се артериската хипертензија и високиот крвен притисок, вели руската докторка Надежда Чернишова.

Луѓето кои имаат висок крвен притисок имаат поголем ризик од срцев или инфаркт. Затоа е неопходно пациентите со хипертензија да одржуваат нормален крвен притисок, изјави докторката. Овој проблем се решава со лекови и по правило се земаат до крајот на животот.

Чернишова изјавила дека коронарната или исхемичната срцева болест може да доведе до инфаркт кој се јавува поради блокирање на крвните садови. Инфаркт не се случува одеднаш кај сосема здрав човек. Прво се појавуваат болки во срцето и на ЕКГ се забележуваат промени во работата на срцето. Кога болеста ќе биде откриена, човек може да си го подобри здравјето во следните неколку години со терапија. Дополнително, нагласува докторката, неопходно е да се води здрав начин на живот.

„Појавата на срцев удар зависи од 20 отсто од генетиката и предиспозицијата, 30 отсто од нивото и достапноста на современите медицински препарати и 50 отсто од квалитетниот и здрав начин на живот. Тоа значи: физичка активност, здрава исхрана, квалитетен сон и одмор, како и способност за справување со стресот, заклучи Чернишова.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma