РУЧЕК ЗА ДЕНЕС: Пилешки ролни со сирење и спанаќ!

popara7 декември, 20211min00
134875_profimedia0101251634_ls

Состојки: 1 пилешки гради сечкан стек, 150 гр спанаќ, сирење моцарела, 1 главица кромид, 2 чешниња лук, 5 лажици пармезан, 2 шолји презла, 60 гр путер, маслиново масло, сол, бибер

Упатство: пржете го кромидот во малку маслиново масло. Кога ќе омекне, додадете лук и спанаќ и динстајте додека спанаќот не омекне, околу три до пет минути. Зачинете со сол и бибер. Се лади, па се додава сечканата моцарела и пармезанот.

Пилешкото исечкајте го на еднакви шницли, па врз секоја ставете дел од смесата и виткајте ги во ролат. Ако сакате да бидете сигурни дека полнењето нема да истече, користете чепкалки за заби.

Во помал сад ставете ја презлата и во неа виткајте го пилешкото. Се редат на огноотпорен сад, па во секоја ролатка се додава по едно парче путер.

Направете сос од домати, измешајте излупен домат, две лажици маслиново масло, едно чешне лук, босилек, сол и бибер. Ставете го на дното на тавата, а потоа потопете го пилешкото во сосот. Посипете го остатокот од сирењето моцарела и печете додека не порумени, околу половина час на 180 степени.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma