Скандалозната приказна разбуди голем интерес кај публиката, а „Airbnb“ одлучи да го искористи и да им овозможи на сите обожаватели да ја посетат.
Вилата „Балбиано“ е на езерото Комо, а токму тука и се снимаше филмот.
Позната е по својата раскошност и историја. Се работи всушност за здание од 17 век и вклучува приватен базен и посебна куќичка на езерото. Ентериерот е луксузен и автентичен. Ѕидовите се насликани со фрески од 17 век, додека собите се дизајнирани од реномираниот декоратер и дизајнер Жак Гарсија.
Мебелот вклучува и оригинални парчиња стари неколку векови, а модерната нота е постигната благодарение на мебелот од понови но врвни произведувачи.
Вилата ќе биде достапна за изнајмување од 6 декември и тоа по цена од 1.000 евра за едно ноќевање.
Погледнете ја внатрешноста: